Кои сме ние?

Леонардо да Винчи беше научник, сликар, инжинер, скулптор и астроном. Неговото неверојатно знаење и разнолик спектар на активности беше идеал кој ги водеше најголемите светски умови од времето на Ренесансата. Сега, шест века подоцна веќе никој не може да го прати напредокот во неколку полиња, а камоли во нив и да учествува. Најуспешните претпријатија во 21 век го достигнаа врвот со фокусирање на поединечни пазари или само делови, сегменти од пазарот, вклучувајќи притоа сојузи, партнерства со исто така успешни претпријатија од други подрачја. Токму доверувањето на работите за кои не се специјализирани на своите доверливи партнери им овозможи постигнување на максимален успех во работите за кои се специјализирани.

Ние во Компанија Колчкоски не знаеме да пронајдеме нафта, да произведуваме масло, да компонираме симфонии, обработуваме земја или управуваме со авион, ама даваме се од себе да останеме во тек со развојот во подрачјето кое е потпора на секој бизнис како што се сметководство, финансиски совети, хостирање и веб дизајн.

Во Компанија Колчкоски градиме долгорочни работни односи со нашите клиенти и цврсто веруваме дека целосна доверба, меѓусебно разбирање и помагање се единствен вистински темел за добри работни односи.

Нашата посветеност во решавање проблеми без обзир на нивната сложеност и вољата за постојано учење и надградување не прават идеален избор за подршка и унапредување на работата на нашите партнери.

Станете и Вие наш партнер. Сигурни сме дека можеме да Ви помогнеме.

Хостинг

Хостинг
 
Hostiraj.com
За останатите хостинг понуди кликнете ТУКА.

 

Зошто ние?

Нашето работење се темели на неколку принципи за кои мислиме дека битно допринесуваат за долгорочен успешен партнерски однос со нашите клиенти.

На прво место е ТОЧНОСТ. Со двостепена контрола осигуруваме бескомпромисен квалитет во работата.

На второ место е УСЛУЖНОСТ. Задоволни клиенти се најдобри клиенти. Затоа Компанија Колчкоски секогаш настојува услугата да биде на највисоко можно ниво.

Освен тоа ја цениме СТРУЧНОСТА на нашите вработени. Сите вработени во Компанија Колчкоски се професионалци кои безрезервно се посветени на работата и професијата. Секогаш се во тек со најновите информации, законски измени.

Услуги

• СМЕТКОВОДСТВО
• ЕКОНОМСКИ СОВЕТИ
• ПРЕСМЕТКА НА ПЛАТИ
• ХОСТИНГ
• ВЕБ ДИЗАЈН

Понудата на нашите услуги е секогаш прилагодлива кон желбите и потребите на нашите клиенти како и напредокот на технологијата и областа на работа. Компанија Колчкоски е едно од најдобрите сметководствени бироа во Македонија. Постојаниот раст им го должиме на довербата и препораките која ни ја дадоа корисниците на нашите услуги.
Обострана доверба и дискреција представуваат основа на нашето работење.

ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ ЗА НАШИТЕ УСЛУГИ

Членови

Име:
Лозинка:

 

Информации

Тел: 02/3225-249, 02/3298-864

Факс: 02/3298-865

ул: „Трета Македонска бригада“ Бр. 10

1000 Скопје

Напојувано од Hostiraj.com · Најдобриот хостинг избор